Новиот амортизер Monroe OESpectrum во понудата на Авто Лидер

0

На специјално организирана презентација, македонскиот импортер за Tenneco производите, Авто Лидер од Скопје, на своите деловни пријатели, сервисери и новинари им го претстави новитетот во гамата на Monroe aмортизерите OESpectrum.

Како што потенцираше првиот човек на Авто Лидер, Горан Пејдановски, веќе се нарачани првите количини на новиот амортизер и наскоро следат соодветни обуки за неговото вградување, бидејќи има одредени специфичности. За работата на амортизерот и што е она што им се нуди на клиентите со овој нов производ, пред присутните се обрати Дарко Уроич, задолжен за овој регион од Tenneco Automotive.

Monroe OESpectrum амортизерите ја содржат револуционерната Monroe R-TECH®2 Rebound Valving Technology™, патентирана технологија која нуди моментна повратна информација и одговор на променливите услови на управување со возилото. Благодарејќи на оваа технологија, посртигната е извонредна способност на „држење“ на патот, помирно возење, како и зголемена сигурност и контрола на возење. Monroe R-TECH®2, во комбинација со новата Impact Control Valve технологија, им помага на OESpectrum амортизерите да осигураат единствен спој на одлична контрола, како и намалување на бучавоста и вибрациите. Сигурноста во својот производ Monroe ја манифестира на тој начин што нуди 5-годишна гаранција за својот производ и тоа е единствена компанија на ова поле што дава ваква можност, но при тоа треба да бидат исполнети одредени предуслови.

Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »