Новата Toyota Supra „фатена“ на Нирбургринг

0

Многу очекуваната нова Toyota Supra повторно е фотографирана на познатата патека Нирнбуринг. Овој пат, спортскиот автомобил на јапонската марка има помалку камуфлажа, но и понатаму е далеку од целосно откривање.

На новите слики може да се видат масивни отвори за воздух во предниот браник, како и дизајнот на задните фарови. Исто така, малку појасно се гледа и обликот на спортското купе.

Додека Toyota во Германија врши брзински тестови на познатата патека, британските медиуми најавуваат дека новата Supra ќе има BMW автоматски менувач. Интересно е тоа што, копчињата за контрола на климата, како и инфо-забавниот систем се исто така слична со оние на баварскиот бренд. Во суштина, ова значи дека новата Supra ќе има, а не само систем за пренос како BMW, туку и повеќето од електрониката и внатрешните работи.

Спортското купе ќе има хибриден погон кој ќе комбинира бензински мотор со турбополначи од BMW и електромотор.

Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »