Нов салон на Киа Моторс Македонија во Штип, во план уште два

0

Во годината што полека изминува, Киа Моторс Македонија бележи одлични постигнувања, што секако е причина за поинакво размислување кај импортерот во потрага за што поголем број клиенти на нашиот пазар.

Како што најавија од компанијата следи своевидна офанзива во оваа насока, па во плановите е отворање на неколку нови центри низ градовите во Македонија. Првиот таков веќе е официјално отворен Штип, каде според анализите постои голем интерес за моделите на корејскиот гигант.

„Во годината што изминува Kia бележи извонредни резултати на сите полиња, како во светски рамки, на своевидно рамниште и кај нас. Лансирани се три извонредни остварувања, почнувајќи од новата генерација на субкомпактот Rio, како и дебитантите на автомобилското небо, кросоверот Stonic и досега најпрестижното остварување на компанијата, извонредната креација на Stinger. Заедно со предводникот во гамата и најпродаваниот модел кај нас Sportage и во очекување на компактниот Cee`d, решивме да ги доближиме на свој начин сите овие остварувања на македонските граѓани. Киа Моторс Македонија тргнува значи во нова офанзива, а по овој наш центар во Штип следат и слични во Струмица и Битола, истакна директорот на Киа Моторс Македонија, Владимир Билбилов.

Салонот во Штип располага со површина од над 800 метри квадратни и се наоѓа во индустрискиот регион на градот во склоп на комплексот на PSS. Наскоро според плановите, во зависност од потребите, ќе биде екипиран и сервисен дел.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »