Нов рекорд за Koenigsegg Agera RS: од 0-400 km/h за само… / ВИДЕО

0

Koenigsegg Agera RS покрај новиот брзински рекорд за сериски автомобили кои може да се возат на јавни патишта, помести уште граница. Овој пат моделот на производителот од Шведска го сруши сопствениот рекорд од октомври во забрзување од место до 400 km/h и повторно запирање.

Патот во Невада, САД, на кој Agera RS го постави новиот Гинисов брзински рекорд (447,2 km/h), Koenigsegg повторно го искористи за да го подобри сопственото, инаку фантастично време за забрзување од место до 400 km/h и повторно запирање од 36,44 секунди. Новото рекордно време е само 33,29 секунди.


Како потсетување, пред Agerа, најдоброто време го имаше Bugatti Chiron (41,96 секунди), но овој модел беше рекордер помалку од еден месец пред да биде надминат од Koenigsegg во октомври.
Agera RS како погон користи 5.0 V8 битурбо, кој во моќната погонска конфигурација, преземена од Koenigsegg One:1, располага до 1.379 КС и 1.369 Nm.



Loading...
Споделете.

Оставете одговор

Translate »