Нов паметен телефон од Huawei

0

Huawei го претстави новиот P smart, телефон со сосема нов оперативен систем EMUI 8.0 и со фокус на FullView Display дизајн. Ексклузивниот Smart Face Beauty алгоритам и други функции треба да ги привлечат пред се помладите корисници

Скоро сите нови паметни телефони на пазарот доаѓаат со полн приказ на екранот, односно многу тенка, речиси невидлива рамка. Со Huawei FullView екранот, Huawei P smart доаѓа со екран од 5.65 инчи, FHD+, 18:9 екран кој покрива повеќе од 80% од предниот дел на уредот.

Новата серија P се карактеризира со едноставност, елеганција и мазна задна површина. Покрај тоа, P smart има единствена Smart опција за извршување на повеќе задачи што овозможува отворање на две апликации во исто време и уште повеќе можности.

Huawei P smart има две 13 MP + 2 MP задни камери, но и Smart Face Beauty режим на снимање. Благодарение на високо-прецизните сензори на камерата и пикселите за фазна детекција, HD камерата од 13 MP нуди попрецизно фокусирање во реално време со што може прецизно да се направат било какви кадри.

Оваа серија има развиено и ISP Hisilicon процесор со подобрена експресија на боите и намалување на шумот, што овозможува одлични фотографии во секое време. Со цел да се подобри снимањето во ноќни услови, Huawei P smart има пет групи на прецизни леќи кои ви овозможуваат да снимате појасни фотографии и при слаба осветленост.

Новиот уред содржи предна beauty камера од 8 MP за портретно сликање. Заедно со опцијата за препознавање на лице и портретен режим, со оваа камера може да се направи совршено селфи. Huawei P smart содржи и опција за селфи снимка со движење на дланката.

Изграден на подобрена хардверска обработка на информации, со комбинација на EMUI 8.0 и Kirin 659 процесор, Huawei P smart на интелигентен начин ги учи корисничките навики, предвидувајќи го однесувањето на корисниците и прецизно планирајќи ја работата на процесорот со цел однапред да се обезбеди простор за апликации кои ќе се извршуваат во иднина.

За безбедноста се грижи новата генерација на сензорот за отпечаток од прст 4.0. Huawei, функцијата за препознавање на отпечаток од прст ја споил и со други функции со цел развивање на нови апликации како што се навигација со отпечаток од прст, снимање со отпечаток од прст и исклучување на алармот со помош на отпечаток од прст.

Покрај тоа, Huawei P Smart нуди и поделен екран, Phone Clone како и Huawei Share и двојна Bluetooth конекција, а има батерија од 3.000 mAh, која, во комбинација со интелигентна технологија за заштеда на енергија, со што се овозможува целодневна употреба на уредот.

Повеќе за останатите спецификации на уредот на следниот линк.



Loading...
Споделете.

Оставете одговор

Translate »