Најпродаваниот SUV модел во светот за 2017 година е Toyota RAV4 со резултат од 800.676 единици. Ова значи зголемување од 10,1% во споредба со претходната година, објави агенцијата Focus2move

Второто место е сега за минатогодишниот титулар – Honda CR-V, од која се продадени 757.417 единици. Растот на продажбата кај овој модел изнесува 0,8%. Volkswagen Tiguan, чија продажба се зголемила за цели 37,5% на 718.773 единици, е на третото место.

Во најпродаваните пет влегуваат и Hyundai Tuson и Great Wall Haval 6. Првиот годината ја завршил со пад на продажбата од -4% (619.622 продажби), а вториот со минус од 12.7% (506.853 продажби).
Во ТОП 10 најпродавани SUV/Crossover модели влегуваат и моделите на Nissan – Qashqai (498.235, +10,3%), Roque (449.259, +20,3%) и X-Trail (430.325, +3,1%), како и Kia Sportage (425.178, +15,9%) и Mazda CX-5 (410.468, +13,1%).

Треба да се спомене дека X-Trail и Rogue во суштина се ист модел на Nissan, кои под различно име се продаваат во Европа и Северна Америка. Ако продажбата на двете верзии е унифицирана, X-Trail ќе биде најпродаваниот кросовер во светот, со речиси 80.000 единици повеќе од RAV4.

Севкупно, продажбата во SUV сегментот на глобално ниво во 2017 година се зголемила за 11,3% и достигнала 30 милиони возила, што претставува 38% од целиот нов пазар на автомобили минатата година.