Nokia работи на нов телефон со шест камери?

0

Додека се повеќе гледаме телефони со по две камери и од предната и од задната страна, следниот врвен модел од Nokia треба да добие вкупно шест камери

На ова укажуваат најновите гласини од Кина, според кои таков уред треба да има стандардна камера за селфи напред, а на задната страна треба да има систем од пет леќи, пренесува Android Headlines.

Уредот во целина би можел да наликува на Lumia 1020, Windows телефон кој Nokia го претстави во 2013 година.

Како што се наведува, ова е телефон кој нема никаква врска со новите Nokia 8 и 9, кои HMD Global треба да ги претстави оваа година.

Исто така, овој уред нема да има премиера на саемот во Барселона на крајот од февруари, туку подоцна оваа година – можеби на саемот IFA во Берлин.

Од останатите детали, се споменува процесор Snapdragon 845.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »