Јапонскиот Nissan тајно работел на развивање на технологија за управување со возило преку мозочни бранови, систем наречен Brain-to-Vehicle (B2V)

Со анализа на мозочните бранови на возачите, самовозечки автомобил може да го предвиди движењето, како што е вртење на воланот или додавање на гас, а со тоа и да реагира врз основа на овој систем.

Nissan се надева дека со ова ќе се забрза реакцијата на автомобилите за најмалку половина секунда, што иако делува неприметливо, во голема мера би го подобрило чувството на возење.

Технологијата од страна на јапонската компанија ќе биде претставена на саемот за иновации во Лас Вегас, CES 2018, од 9-12 Јануари.

„Кога луѓето ќе помислат на автономни возила, имаат безлична визија за иднината, каде луѓето целосно се потпираат на контрола од страна на машините. B2V технологијата е токму спротивно. Преку сигналите од мозокот, возачите ќе имаат повозбудливо и попријатно возење“, вели извршниот потпретседател на Nissan, Даниеле Скилачи.

Преку системот ќе биде можна контрола и на внатрешното опкружување во возилото.