За патниците нема разлика во возењето со автономен автомобил во споредба со возењето во автомобилите на кое сме навикнати, освен што предното седиште е празно и воланот самостојно се врти

Во една статија во која се коментирани технолошките достигнувања во 2017 година, новинарите на Арс Тehnicа заклучуваат дека технологијата премногу не размазила бидејќи некои многу напредни достигнувања сме почнале да ги разбираме како нешто нормално, а не револуционерно. Нивните коментари главно се однесуваат на автономните автомобили бидејќи минатата година, многу компании ги презентирале своите модели на возила без возачи. Овие автомобили поминале стотици илјади километри, но никој повеќе во врска со тоа не се возбудува премногу и не го смета тоа за некаква револуција.

Се разбира, еден од проблемите е што овие возила сеуште ги гледаме само на YouTube и за нив читаме на интернет, а не сме имале можност да се провозиме со нив. Во некои градови во САД во тек се тестирања во кои автономните возила превезуваат патници веќе некое време (бесплатно), но во овие автомобили секогаш има возач подготвен да ја преземе контролата над возилото во случај на потреба.

Наскоро, односно веќе оваа година, во Феникс, Waymo треба да започне со првиот комерцијален сервис – превоз на патници со автомобили целосно управувани од компјутер.

Освен константниот развој на технологијата, Google и Waymo имаат уште една задача пред воопшто флотата од нивните возила да започне самостојно да оперира во Феникс – едукација, односно на клиентите да им се објасни колку е напредна оваа технологија и дека, барем според нив, компјутерите се подобри и побезбедни возачи од луѓето.

Како дел од ваквата обука и приближување на автомобилите без возачи кон „обичните“ луѓе, Waymo објави фантастично видео снимено со 360-степени камера, преку кое од прва рака може да видиме како изгледа возење со таков автомобил.

Видеото покажува дека како на сензорите или радарите кои постојано ги следат велосипедистите, пешаците, останатите возила, ја пресметуваат нивната брзина и движење, едноставно неможе да им се случи нешто да не „видат“.

Погледнете го видеото во прилог!