Научете „дрифт“ со BMW M / ВИДЕО

0

Под одредени околности, дрифтот може да биде забавен и лесен.

Доколку се наоѓате на затворена патека во безбедни услови, на влажен асфалт, дури и не ви е потребен особено моќен автомобил. Речиси секој автомобил со погон на задните трка ќе „заигра“ ако знаете што треба да правите со воланот. Од друга страна, без оглед на моќноста на возилото, дрифтот е ЗАБРАНЕТ ако не сте запознаени со основите.

Како што објаснува BMW M, првото нешто што треба да го направите, се разбира, е деактивирање на електронската контрола на стабилноста, ако постои. Во зависност од возилото, може да има неколку нивоа на кои работи ESP, па затоа мора целосно да се исклучи.

Префрлувањето во втора дава добар одзив и многу вртежен момент. Потоа доаѓа обука, запознавање на патеката и забрзување до 20 km/h, што е оптимална брзина за почетници.

Потоа треба да притиснете на педалот за гас за момент со цел пролизгување на задните тркала. Се добива чувство како задните тркала да сакаат да ги претекнат предните. Токму во тој момент почнува забавата. Нежно смирете го гасот и истовремено свртете го воланот на спротивната страна. Ете го првиот дрифт.

Се разбира, ова е поедноставено објаснување. Чекор по чекор. „Рецептот“ може да се најде во приложеното видео со атрактивното M4 Coupe.




Loading...
Споделете.

Оставете одговор

Translate »