Наследникот на Rimac Concept_One дебитира во Женева / ВИДЕО

0

Компанијата Rimac Automobili на интернет пушти ново тизер видео на кое делумно се гледа наследникот на Concept_One, кој официјално ќе биде претставен на автомобилскиот саем во Женева на почетокот од месец март

Имено, овој нов електричен хипер автомобил на Rimac Automobili за сега е означен како Concept_Two. Се очекува да има повеќе енергија, а со тоа да биде и побрз од Concept_One моделот кој чини милион долари, а кој има четири електромотори кои заедно произведуваат 1.224 коњски сили.

Компанијата Rimac Automobili планира да изгради повеќе примероци од својот нов модел, односно да произведе вкупно 100 такви автомобили. Оригиналниот Concept_One се произведе во само осум единици, плус две верзии само за тркачка патека со ознака Concept_S.

Судејќи според видео клипот, автомобилот на Rimac Automobili ќе изгледа поагресивно од неговиот претходник, и ќе имаат подобра аеродинамика со рамно дно, преден сплитер, активен заден спојлер и масивен дифузор.

Моделот со едно полнење ќе може да патува повеќе од својот претходник, а исто така ќе има и малку попросторен салон. Сопственикот на компанијата веќе објави дека новиот автомобил ќе биде поскап од претходниот.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »