Компанијата Integral Memory произведе microSD картичка со капацитет од 512 гигабајти, која има тенденција да стане нов лидер на пазарот на преносливи мемории

Претходниот рекорд за капацитет го има компанијата SanDisk со 400 GB microSD картичка, која и понатаму, со брзина од 100 MB / s, побрза во однос на читање и пренос на податоци.

Максималната брзина на читање на мемориската картичка од 512 GB е 80 MB/s.

Минималната брзина на запишување е 10 MB/s. Картичката го задоволува стандардот V10 за видео па може да се користи за фотоапарати кои снимаат Full HD видео.

Картичката на Integral Memory на пазарот пристигнува во февруари, а нејзината цена се уште е непозната.