Наместо убави девојки – деца на стартот од F1 трките

0

Официјални лица од Formula 1 најавија дека наместо традиционалните хостеси кои досега беа неизбежен декор на патеката пред трките, на стартните позиции помеѓу автомобилите сега ќе има деца

Имено, само неколку дена откако официјално го најавија укинувањето на присуството на убави девојки на стартот од трките, таканаречените grid girls, доаѓа веста дека на нивно место ќе стојат деца (grid kids).

Како што е најавено од Formula 1, децата кои ќе се појавуваат на патеката пред стартот на трката ќе бидат избрани од страна на локалните автомобилски клубови врз основа на одредени критериуми, како што се успешни резултати во моторни трки во помлади категории или преку лотарија.

Децата ќе стојат веднаш до возачите и болидите на пред почетокот на секоја трка.

„Тоа ќе биде извонреден момент за овие млади луѓе – замислете да стоите покрај своите херои, додека гледате како возачите кои се елита во мотоспортот се подготвуваат за почетокот на трката. Да бидете таму до нив, тоа за овие деца ќе бидат неколку скапоцени минути во животот“, вели директорот на Formula 1, Шон Брачис.

„Учеството во Formula 1 викендот на овој начин ќе биде за нив и нивните семејства незаборавно искуство. Тоа ќе биде инспирација да продолжат да возат и да тренираат, така што можеби еден ден тие ќе бидат на местото на овие возачи во болидите и со тоа ќе го исполнат својот сон“ , додава Брачис.

„ Grid kids” ќе учествуваат во програмата пред секоја трка F1, исто како и во Formula 2 и GP3 трки, каде што тоа ќе биде изводливо.

„Formula 1 е врвот во мото спортот и сон на секој млад човек кој се натпреварува во јуниорска конкуренција“, вели претседателот на FIA, Жан Тод, објаснувајќи ја одлуката.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »