Може ли некој да ги засени VW и Дарт Вејдер?

0

Првиот викенд во февруари традиционално е резервиран за најголемиот спортски настан во САД, а покрај играчите на американскиот фудбал, автомобилите често се во центарот на вниманието

Цела Америка едноставно застанува на четири часа за време на Superboul, а оние кои немаат среќа да бидат на стадионот, се врзани за малите екрани, што значи и многу реклами.

Токму рекламите се еден од заштитните знаци на Superboul, а поради огромниот рејтинг секој сака да се промовира, иако 30 секунди чинат речиси 8 милиони долари (оваа година).

Меѓу главните актери во овие реклами се автомобилите, но поради настаните и цените, ова не се обични промоции на возила. Тие се мало филмско ремек-дело, кое со години се памети.

Така, на сите им е во сеќавање малиот Дарт Вејдер со Volkswagen или утописките напори на Мелиса Макарти за да ја спаси планетата додека вози Kia Niro Hybrid.

За оваа година, најавени се Kia Stinger, Mercedes-Benz AMG C43 coupe, Toyota Prius, Mustang.

Во очекување на овогодинешното издание на Superboul, ноќта од недела кон понеделник во 00:30 часот по нашето време, да се присетиме на некои од најдобрите Superboul реклами за автомобили.
















Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »