MotoGP: Мудриот Маркез ја оствари најлесната победа во својата кариера

0

Марк Маркез од Repsol Honda, ги надмудри своите ривали во Брно и ја зголеми предноста во генералниот пласман во MotoGP шампионатот

За разлика од него, Валентино Роси од Moviestar Yamaha, сам си ја прокоцка шансата за победа, необјасниво по незнаеме веќе кој пат, останувајќи на сувата патека повеќе отколку што требаше со гуми за дожд. Сепак, и покрај глупоста со ненавремено влегување во бокс и менување на мотоциклот, „Докторот“ на крајот стигна до четвртата позиција.

Одличен ден и за Дани Педроса на Repsol Honda, кој со второт мосето придонесе за двојна победа на неговиот тим, воедно прославувајќи го својот 150-ти подиум. До третата позиција се проби Маверик Вињалес на Yamaha.

Маркез сега има 14 поени повеќе од Вињалес, 21 поен од Довициозо и 22 од Роси.

Трката во Чешка започна додека патеката беше се уште влажна, но со јасно изразена сува линија на идеално поминување.

Маркез, како носител на пол-позицијата, едноставно полета на стартот, но наскоро беше претекнат од Хорхе Лоренцо на Ducati. Возачот на Honda потоа почна драстично да паѓа во поредокот, за да во вториот круг биде веќе десетти. Брзо свати дека стартот со медиум гума напред и мека задна за дожд беше погрешен и веднаш отиде во бокс на промена на мотоциклот опремен со средно тврди гуми и напред и позади.

Во меѓувреме, Роси стигна до второто место во вториот круг и се впушти во потера по Лоренцо кој веќе направи разлика од 1,5 секунда. Италијанскиот ас брзо ја реши борбата со возачот на Ducati и го презеде водството во четвртиот круг, но се уште на патеката возеше со гуми за влажна подлога, не правејќи го она што многумина го направија пратејќи го примерот на Маркез – се префрлија на слик гуми.

Лоренцо во боксот замина на крајот од четвртиот круг, додека Роси ги изненади сите и остана уште еден круг. Во меѓувреме, Маркез со слик гуми скоро и да го надокнади загубеното време стигнувајќи до четвртото место кога Роси конечно одлучи да го замени мотоциклот.

Единствениот друг возач кој во тој момент и понатаму остана со гуми за дожд беше Жоан Зарко на Tech 3 Yamaha, кој виртуелно накратко ја предводеше трката, затоа што за кратко време беше престигнат од „летечкиот“ Маркез.

Епилогот на целиот тек беше 19 секунди предност на Маркез пред Алеш Еспаргаро и Скот Рединг, додека Роси падна дури на 13-то место.

Веќе во тој момент беше јасно дека трката по прашање на победник беше решена. Ова се чини беше една од најлесните победи во неговата кариера.

До крајот остана само да видиме како ќе биде распоредот на останатите возачи. Педроса брзо по промената стигна до втората позиција, а Вињалес мораше да се помачи за да стигне до последното место на подиумот. Како што веќе напоменавме, Роси успеа колку толку да ја исконторлира направената „штета“ со закаснетото одење на промена на гуми и да стигне до важни бодови и четвртото место.

FULL RACE VIDEO



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »