MotoGP: Марк Маркес по четврти пат шампион во кралската класа!

0

Марк Маркес, возачот на Repsol Honda, по четврти пат e шампион во MotoGP откако заврши на третото место во последната трка од сезоната, ГП Валенсија.

До победата во Валенсија стигна клупскиот колега на Маркес, Дани Педроса, кој во последниот круг од трката го претекна лидерот дотогаш, Жоан Зарко.

Во последната трка од сезоната видовме и голема драма. Трката која теоретски можеше да ги сврти работите во корист на единствениот директен конкурент за титулата Андреа Довициозо, донесе и излетување од патеката за италијанецот што значеше и крај на надежите за пресврт.

Маркес пред последната трка од сезоната имаше одлична предност пред Довициозо од 21 поен, но возачот на Ducati се надеваше на чудо – да победи, а Маркес да не ја заврши трката.

Сепак, популарниот Дови немаше доволно брзина, ниту пак неговиот тимски колега Хорхе Лоренцо сакаше да ја послуша командата на тимот да му дозволи да го помине. Италијанецот доби искра на надеж кога Маркес накратко излета од патеката, по што падна на петтото место.

Шпанецот направи одличен маневар и некако успеа да остане на моторот, но набрзо следеше и грешката на возачот на Ducati. Довициозо ризикуваше многу и за првпат оваа сезона падна од моторот, по што мораше да се откаже.

На крајот, уште една драма, овој пат за победата во Валенсија. Зарко водеше скоро цела трка, но Педроса кој континуирано го следеше, во последниот круг се приближи и возеше веднаш зад дебитантот на годината.

Сепак, во последниот круг Зарко згреши што умешно го искористи Педроса за да стигне до победата.

За Маркес ова е втора последователна титула во MotoGP шампионатот, четврта во кралската класа, шеста во кариерата.

Маркес сезоната ја заврши со 298 поени, 37 повеќе од Довициозо. Honda веќе претходно ја обезбеди титула во конкуренција на конструкторите.

2017 MotoGP Valencia / РЕЗУЛТАТИ

2017 MotoGP / КОНЕЧЕН ПЛАСМАН

2017 MotoGP Valencia / HIGHLIGHTS


Изјава (МАРК МАРКЕС)

2017 MotoGP Valencia / ФОТО ГАЛЕРИЈА

Светскиот шампионат во MotoGP за 2018 година започнува на 18 март со Големата награда на Катар.

2017 MotoGP

2017 FIM Awards Ceremony



Loading...
Споделете.

Оставете одговор

Translate »