MotoGP Malaysia: Триумф за Довициозо, титулата се решава во Валенсија

0

Италијанскиот мотоциклист Андреа Довициозо триумфираше на трката за Големата награда на Малезија во Сепанг, претпоследна од календарот во MotoGP шампионатот.

Лидерот во генералниот пласман Марк Маркез се мачеше со својата Honda на влажната патека и заврши само на четвртото место. Ова значи дека одлуката за шампионот за 2017 година ќе падне по две недели во Валенсија. Маркез има 21 бод повеќе од Довициозо.

„Се плашев Лоренцо да не ми побегне, но возев со добро темпо и одржував дистанца. Тој направи грешка и јас ја искористив можност да ја преземам првата позиција. Му благодарам на тимот за одлично завршената работа овој викенд“, изјави Довициозо по трката.

Довициозо до можеби најважната победа во кариерата дојде благодарение на грешката на својот тимски колега Хорхе Лоренцо, кој речиси падна на пет круга пред крајот.

„Задната гума беше константна постојано во текот на трката, но предната малку пролизгуваше. Грешката беше доволна Дови да ме престигне, но иако бев позади него јас не сакав да го „ловам“, бидејќи бев задоволен со второто место. Навистина ми е драго за Дови што остана во битката за титулата. Не очекува вистински спектакт воВаленсија“, изјави Лоренцо.

Италијанецот во Сепанг победува втора година по ред, по шести пат оваа сезона на неговиот Ducati, или вкупно 17-та во кариерата. Лоренцо низ целта мина како втор, а на подиумот се искачи и Џоан Жарко со Yamaha.

Петти беше Дани Педроса, шести Данило Петручи иако стартуваше како послед. Валентино Роси стигна до седмата позиција, осми беше Џек Милер пред Маверик Вињалес, а првите десет ги заокружи Пол Еспаргаро.

За Markes да ја освои титулата, шеста во кариерата, во Валенсија ќе му биде потребно најмалку 11-то место.

ТРКАТА…

РЕЗУЛТАТИ

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН / ВОЗАЧИ

ИЗЈАВИЈА ПО ТРКАТА



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »