MotoGP: Довициозо победува и на патеки кои „не се на Ducati“

0

Феноменалниот Андреа Довициозо на Ducati ја прослави својата четврта победа во сезоната по фантастичниот финиш и претекнувањето на Валентино Роси, кој беше лидер во 17 од 20 кругови во трката за ГН на Велика Британија во Силверстоун

Дека додека на некој не му се стемни на друг неможе да му се раздени, докажува откажувањето на Марк Маркез на Repsol Honda, кој на овој начин лидерската позиција во шампионатот му ја прешушти на Италијанецот. Ненадејниот облак од чад од агрегатот на Repsol Honda го означи крајот за младиот Шпанец.

Валентино Роси на Movistar Yamaha поголемиот дел од трката го возеше пред тимскиот колега Вињалес, Довициозо од Ducati, Маркез и миленикот на домашната публика, Кал Крачлоу на LCR Honda. Маркез беше трет, зад Роси и Довициозо кога неговиот RC213V агрегат откажа во 13 круг.

Од друга страна, Довициозо, кој започна од шестата стартна позиција, како одминуваше трката беше се подобар и на истото место каде што Маркез доживеа пех, Довициозо го претекна Роси за победа, на три круга пред крајот.

„Докторот“ наскоро стана жртва и на Вињалес, единствениот меѓу најдобрите кој избра мека задна гума наместо тврда како и другите. Трката заврши на тој начин што тројцата најдобри завршија во временски интервал од само 0.749 секунди.

Крачлоу беше помалку од една секунда зад Роси во битката за последното место на подиумот, но трката сепак ја заврши како четврти и најбрз возач на Honda, 8,5 секунди пред Дани Педроса на седмото место. Тимскиот колега на Довициозо, Хорхе Лоренцо и дебитантот во Yamaha Monster Tech 3 тимот, Жоан Зарко, трката ја завршија помеѓу двете Хонди на петото и шестото место.

Првите десет ги комплетираа Скот Рединг (Pramac Ducati), Алекс Ринс (Suzuki) и Алваро Баутиста (Aspar Ducati).

ВИДЕО / MotoGP Silverstone 2017 Full Race

Довициозо во досегашниот тек од сезоната има најмногу победи и во домот на Ducati во Мизано ќе стартува како водечки во шампионатот со девет поени предност пред Маркез. Инаку, првите четири возачи се во само 26 поени.

MotoGP Silverstone 2017 / РЕЗУЛТАТИ

MotoGP / ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН ВОЗАЧИ

Следната трка се вози за две недели во Мизано, Италија.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »