Во статиите за автомобили, често се зборува за бројот на коњски сили кои ги произведува погонскиот агрегат, како и за вртежниот момент. Но, дали точно знаете што е разликата помеѓу овие два термина?

Генерално, моќноста на моторот е функција на вртежниот момент, при што вртежниот момент на агрегатот е производ на силата и површината на која дејствува силата, а моќноста е производ на вртежниот момент и брзината на ротација на моторот. Збунувачки? Всушност не.

Моторите кои имаат подолг од на клипот обично имаат повисок вртежен момент, бидејќи е поголема површината на која делува силата. Во однос на субјективниот впечаток во возење, моторот со повисок вртежен момент повлекува подобро, но гледајќи исклучиво во стоперка, секогаш побрз ќе биде автомобилот со поголема моќност на агрегатот.

Најдобриот пример за ова се Формула 1 болидите, кои имаат голема моќност, но мал вртежен момент, додека од друга страна, просечен камион има голем вртежен момент која му овозможува да придвижи голема маса.

Соодветно на тоа, моќноста на моторот ни кажува колку е брз одреден автомобил, а вредноста и опсегот на вртежен момент ни кажува во кој момент автомобилот најдобро ќе повлече.

Се разбира, кога зборуваме за перформанси, не смееме да ја занемариме улогата на менувачот и неговиот пренос. Екипата на YouTube каналот Engineering Explained снимила одлично видео со кое ќе ви биде се многу појасно околу разликата помеѓу моќноста и вртежниот момент на моторот.