Неодамна се појавија информации дека HMD може да лансира Nokia паметен телефон со систем од пет камери на задната страна, а деновиве да стигнат нови, кои до некаде ова и го потврдуваат

Имено, уредот за кој се шпекулира наводно ќе го носи името Nokia 8 Pro и ќе биде придвижуван од Snapdragon 845. Исто така, можно е уредот да го носи о името Nokia 10 или некое трето.

Засега нема други детали за овој модел, ниту, пак, дали ќе биде презентиран на претстојниот MWC настан во Барселона (26.02 – 01.03.2018) или ќе биде оставен за некоја друга прилика, иако е јасно дека фокусот е на камерата. Она што сигурно ќе биде видено во Барселона е Nokia 9, HMD предводникот за оваа година.