Hyundai Kona и Hyundai i30 Fastback се добитници на наградата IF Design Award за најдобар дизајн на автомобили во 2017 година

iF Design Award 2018 е препознавање на елегантниот дизајн на Hyundai i30 Fastback, првото купе со пет врати, но исто така и на кросоверот Hyundai Konа.

„Hyundai уште еднаш е добитник на награда од жирито на iF Design Award. Наградите ја потврдуваат нашата заложба за развој на автомобили, но во исто време го претставуваат и нашиот уникатен пристап кон автомобилскиот дизајн“, вели Томас Биркле, главен дизајнер во Hyundai Design Center Europe.

„Со комбинирање на елеганција и емоции во дизајнот, i30 Fastback е вистински трендсетер, додека Kona го претставува новиот изглед на нашата успешна кросовер и SUV линија“, додава Биркле.