Mitsubishi Evo се враќа, но како електричен кросовер

0

Помина една година откако Mitsubishi стави точка на производството на десеттата и последна генерација на Lancer Evolution, но како што стојат работите ознаката Evo и понатаму останува во игра

Имено, јапонскиот производител најави дека на крајот од месец октомври, на саемот во Токио ќе претстави електричен концепт под името e-Evolution.

Од Mitsubishi велат дека станува збор за спуштено, високо аеродинамично SUV купе, со погон на сите тркала и со напредна технологија за вештачка интелигенција.

Иако многу фанови на легендарниот Lancer Evo овој потег од страна на јапонската компанија ќе го наречат сквернавење на името на познатиот спортски автомобил, првиот тизер на концептот открива интересен дизајн на возилото.

Инаку, Mitsubishi направи сличен потег на почетокот од 2017 година, кога на новиот кросовер Eclipse Cross му додели име на еден од поранешните модели во сопствената гама – популарниот купе / кабриолет Eclipse.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »