Mini Paceman се враќа како Countryman Coupe

0

Како што стојат работите, MINI Paceman нема да биде „изгаснат“. На крајот од 2016 година треба да биде прекинато неговото производство, но се чини дека шефовите на британскиот бренд имаат нов план.

2015-mini-cooper-paceman

Во моментов се размислува за Countryman купе изведба, а во таа приказна, сметаат Британците, Paceman совршено би се вклопил. На основата на Mini Paceman инженерите би го изградиле Countryman Coupe, кој во продажба би влегол во 2018 година.

Countryman Coupe не би имал само две врати, туку четири и малку поголемо меѓуосовинско растојание од Paceman.

Актуелниот Paceman дебитираше во 2012 година, а беше обновен две години подоцна. И покрај атрактивниот дизајн и JCW изведба, Paceman сепак не стана хит на пазарот. Во 2014 година се продадени 8.730 примероци, а една година подоцна уште помалку.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »