Mercedes и Renault загрижени поради новите правила за погонските единици во Formula 1

0

Шефовите на Формула 1 ги обелоденија деталите поврзани со плановите за промена на правилата за погонските единици, кои треба да стапат на сила од 2021 година.

Formula 1 тимовите се сретнаа со FIA, сопствениците на комерцијалните права и потенцијалните нови производители. Состанокот се одржа во Париз, каде што беа разгледани новите правила поврзани со моторите.

Следните 12 месеци ќе се продолжи со работа на деталите во врска со новите спецификации на погонската единица, а FIA најави дека дизајнот и развојот на новите погонски системи нема да биде можен додека процесот не се комплетира, што гарантира дека постојните производители ќе продолжат да работат на тековните мотори и во текот на 2018 година.

Предлогот за 2021 година вклучува задржување на тековниот 1.6-литарски V6 турбо хибриден агрегат, кој ќе врти дополнителни 3.000 вртежи во минута повеќе за да „се подобри звукот“.

Со цел да се поедностави погонската единица, MGU-H ќе биде отстранета, а неколку предложени параметри во врска со дизајнот ќе се воведе со цел „да се намалат трошоците за развој и неутрализира поттикот за создавање на екстремни решенија и тековни услови“.

Во ова се вклучени внатрешни и надворешни параметри, со тоа што вторите дозволуваат нешто што FIA го опишува како „можност за едноставна замена на моторот, шасијата и менувачот“.

Еден турбо полнач со ограничувања во однос на димензиите и масата ќе биде обврзителен, додека стандардното складирање на енергија ќе биде воведено покрај контролата на електрониката, што долго време е стандард во Formula 1.

MGU-K ќе биде помоќна, со фокус на мануелно управување од страна на возачот за ангажирање на дополнителна моќност, слично на начинот на кој се користеше KERS, кога беше воведен во во 2009 година.

Ова исто така ќе им овозможи на возачите можност за заштеда на енергија неколку кругови, со цел остварување на сакани тактички императиви.

Ќе се практикува и посилно следење на прописите за гориво.

Во соопштението на FIA се додава дека во текот на преостанатиот период во 2017 и 2018 година, FIA и Formula 1 ќе работат со тимовите со цел да се воспостави тестирање на погонските единици и формирање ограничувања, како и други мерки во врска со намалување на трошоците“.

Спортскиот директор на Formula 1, Рос Браун вели: „Погонските единици за 2021 се пример за идните начини на кои FIA како регулатор, F1 како сопственик на комерцијалните права, тимовите и производителите како акционерите, да работат заедно за општото добро на спортот.

Предлогот кој е презентиран е резултат на серија состаноци одржани во 2017 година со тимовите и производителите, кои покажале интерес да бидат дел од елитниот автомото спорт, но и самите фанови.

Сепак не сите се задоволни од предлог промените. Mercedes и Renault мислат дека е многу подобро да се променат прописите во однос на бројот на вртежи во минута и да се направат моторите погласни, што е едно од главните барања на Formula 1 фановите.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »