Mercedes-Benz ќе има пет целосно функционални фабрики за производство на батерии до 2019 година

0

За потребите на своите електрични возила, Daimler планира да изгради пет фабрики за производство на батерии до 2019 година. Фабриките ќе бидат подигнати на три континенти, и тоа три во Германија и по една во САД и Кина.

Ова на германскиот производител ќе му овозможи, од една страна, брзо и ефикасно да реагира на барањата на пазарот, а од друга страна да ги продава своите батерии на други производители. Со цел да се спроведе овој план, ќе биде потребна инвестиција од над една милијарда евра. Сепак, иако се проширува капацитетот за производство на батерии, литиум-јонските ќелии ќе бидат набавувани од други производители, што може да значи дека оваа компанија може да се соочи со некои препреки.

Првата и втората фабрика (во моментов во изградба) ќе бидат лоцирани во градот Камен во Германија, додека третата фабрика ќе биде изградена во Штутгарт. Daimler неодамна најави инвестиција во вредност од една милијарда долари за изградба на фабрика во Таскалус, Алабама, во САД. Петтата фабрика ќе биде лоцирана во Пекинг, Кина.

Loading...
Споделете.

Напишете коментар

Translate »
%d bloggers like this: