Mercedes-AMG E63 S Estate е најбрзиот караван на Нирнбургринг

0

Моделот кој е создаден со идеја своите најсилни адути да ги покаже на тркачка патека, го потврди квалитетот со рушење на рекордот на Нирбургринг кога станува збор за сериски каравани.

Караваните одамна не се само спори патнички автомобили во кој можете да пренесете еден куп работи кога одите на одмор со вашето семејство, градежни материјали ако реновирате…

Многу производители на купувачите им нудат и извонредни спортски варијанти на овој тип на возила, кои можат да се натпреваруваат дури и со конвенционалните спортски модели. Еден од нив е сегашниот Mercedes-AMG E63 S Estate 4Matic, кој е новиот најбрз караван на легендарната германска патека Нирбургринг.

Познатата делница Нордшлајфе, моделот ја минал за 7 минути и 45,19 секунди, а зад воланот бил возачот Кристијан Гебхарт.


Mercedes-AMG E63 S Estate 4Matic е опремен со 4.0-литарски би-турбо V8 мотор кој испорачува дури 612 КС (450 kW) и 850 Nm. Од место до стотка стигнува за 3,5 секунди, а максималната брзина е фабрички поставена на 250 km/h (за американскиот модел максималната брзина е ограничена на 290 km/h). Стандардно се испорачува со 4Matic погон на сите тркала.

Претходниот рекорд за сериски каравани на оваа патека го држеше Seat Leon Cupra ST, откако патеката со должина од 20,8 километри ја минал за 7 минути и 58 секунди. Овој Seat е опремен со 4-цилиндерски 2.0 литарски турбо-бензински мотор со 280 КС и 348 Nm максимален вртежен момент.



Loading...
Споделете.

Оставете одговор

Translate »