Македонска премиера за новата Opel Insignia

0

Пред голем број на присутни гости, пријатели на Opel, новинари и медиуми, Оpel Македонија ја претстави новата Opel Insignia во хотел Парк & Спа. На националната премиера, беа откриени иновациите и супериорните перформансите кои ги поседува овој автомобил.

Софистицирана во секој поглед, со најнова напредна германска технологија, луксузна удобност и вип третман, Insignia е совршен партнер на патот, рече директорот на претставништвото на Opel за Македонија, Србија, Бугарија, Црна Гора и Албанија, г-дин Драган Ненадовиќ, кој ги претстави сите супериорни перформанси кои ги нуди овој ексклузивен автомобил. Уште попривлечна од нејзините претходници, префинета, елегантна и возбудлива за возење, новата Insignia е фантастично остварување на германската технологија, лидер во својата категорија кој ги задоволува сите критериуми и очекувања. Новата Insignia нуди квалитети како забава при возењето, прецизност и удобност со супериорната изработка, и ние сме почестени што имавме можност да и ја претставиме на македонската јавност, рече на крајот г-дин Драган Ненадовиќ.

Каросеријата на новата Insignia е по угледот на големите купе модели, а благодарение на новата конструкција има голема пространост и високо ниво на безбедност. Новата Insignia е подолга, поширока и полесна од претходната генерација (речиси три сантиметри пониска, 11mm поширока, 175 килограми полесна), а коефициент на отпор на воздухот е 0,26. Поголем е и просторот во внатрешноста, а багажниот простор е зголемен за 130 литри.

Втората генерација на Insignia во сите изведби (Grand Sport, Grand Sport и Grand Sport), едноставно плени со својата линија и модерни решенија, почнувајќи од напредните IntelliLux LED ® matrix светла, IntelliLink мултимедијалниот систем, адаптивната суспензија FlexRide па се до ултра модерните системи за помош на возачите, како Аctive Lane Keep Assist па се до Head-up дисплејот.

Германците се горди и на новата Opel Exclusive програма која ќе им овозможи на купувачите да ја персонализираат својата Insignia со уникатна боја.

Основиот модел ќе стартува со цена од 23.000 евра, и ќе биде опремен со новиот 1.5 литарски мотор со 140 КС. Сите мотори се со 6-степен мануелен менувач, а оние најмоќните – со 8-степен автоматски менувач.

Изненадувањето на вечерта беше предпремиерното претставување на новиот кросовер модел на Opel, Crossland X.

Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »