Македонија доби европски шампион и двајца вицешампиони во брзински мотоциклизам!

0

Изминатиов викенд на патеката во Серез (Грција) се одржа 12-та и последна трка од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам, а Македонија доби европски шампион и двајца вицешампиони.

Честитки за момците. На трката настапија тројца македонски возачи. Во класата SP125 настапи Христијан Бузалковски – Бузо (МК Ендуро Тим – Водно Скопје), а во класата F1000 имавме двајца претставници, Слободан Ивчески – Цобо (МК Сакамото) и Игор Спиров – Зизи (МК Ендуро Тим – Водно Скопје).

Во класата F1000 иако македонските возачи не се искачија на пиедесталот на последната трка, на крајот од сезоната, Слободан Ивчески заврши на челната позиција во генералниот пласман и е нов БМУ Европски шампион во брзински мотоциклизам, додека Игор Спиров стигна до вицешампионската титула.

Сите честитки и за нашиот најмлад натпреварувач во брзински моторциклизам Христијан Бузалковски-Бузо, кој во оваа сезона успеа да се закити со вицешампиоската титула во БМУ Европскиот шампионат во класата SP125. Честитки и за МК Ендуро Тим – Водно Скопје за извонредната сезона.

„Сезоната за 2017 година е завршена и секако можам да кажам дека сме презадоволни од нашиот пласман. Сезона во која преовладуваа моменти на среќа, тага, добри и помалку добри резултати. Секако, морам да се заблагодарам на мојот тим, кој несебично ме пратеше и ми помагаше од трка во трка и заедно се трудевме да оствариме што е можно подобри резултати“, вели Бузо. Од вкупно 12 трки, јас и мојот клуб Ендуро Тим Водно се најдовме 11 пати на подиумот, два пати успеавме да дојдеме до првата позиција, три пати да стартуваме од пол позиција. Мислам дека овој резултат е подобар од очекуваниот, а сега на ред е да започнеме да се подготвуваме за следната сезона, бидејќи имаме само неколку месеци пауза до почетокот на трките, во кои секако ќе го дадеме својот максимум! Поздрав до сите, и следете не на нашата ФБ фан страна! Ве сакам!“, пресреќен на крајот додаде Христијан Бузалковски.

Владимир Димов:Здраво и од мене,јас сум Владимир Димов,и сум претседател на клубот Ендуро Тим Водно.

„Нашиот клуб е основан од ентузијасти кои што се љубители на мотоспортот и несебично трагаат по таленти кои се желни за успех. Нашата цел е да го подигнеме мотоспортот на едно повисоко ниво и секако да остваруваме успеси надвор од рамките на нашата држава. Секојдневно работиме напорно за тоа да се оствари. Оваа сезона, како наша прва, професионална сезона, со професионални моторциклисти, се покажа и повеќе од добра, бидејќи нашите двајца возачи се вице шампиони па затоа и можеме да се пофалиме дека сме најтрофеен клуб за сезоната 2017. Секако тука нема да запреме, напротив ке работиме напорно преку зимата за следната сезона да се појавиме во уште подобро светло!“, вели Владимир Димов, претседател МК Ендуро Тим – Водно Скопје.

На крајот уште еднаш честитки до македонските мотоциклисти со желба за уште поголеми успеси следната сезона.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »