Легендарната Vespa од сега и на електрична енергија

0

Точно една година откако Piaggio го најави лансирањето на електричната Vespa, италијанскиот производител на саемот за мотоцикли во Милано EICMA 2017, презентираше продукциска верзија на популарниот скутер со погон на електрична енергија.

Vespa Elettrica може да помине околу 100 км со целосно наполнети батерии. За максимално полнење на батериите, потребно се 4 часа на стандарден домашен приклучок за струја. Од Piaggio велат дека очекуваниот век на батериите е 10 години.

Од компанијата се искрени и велат дека по 1000 циклуси на полнење, капацитетот на батеријата ќе изнесува 80% од почетниот капацитет, што значи дека и автономијата по тој период ќе биде намалена на околу 80 км.

Што се однесува до дизајнот, производителот останал верен на препознатливиот изглед на Vespa, а електричната верзија од класичните се разликува по светло сините детали на телото.

Клиентите, ќе можат да избираат помеѓу седум основни бои на екстериерот, а на промотивните фотографии, Vespa е прикажана во сребрена боја.

Сите важни информации при возење се достапни на 4,3-инчниот TFT дисплеј во боја што се наоѓа на централниот дел од воланот. Постои и Bluetooth конекција достапна за поврзување на уредот со паметен телефон.

Piaggio наави дека по моделот Vespa Elettrica на пазарот ќе понуди и варијанта Elettrica X со продолжена автономија за возење, благодарение на дополнителниот мал бензински генератор кој исклучиво служи како генератор на електрична енергија.

Vespa Elettrica X со целосно наполнета батерија и резервоар за бензин ќе може да мине над 200 км. Цените засега не се познати.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »