Land Rover ќе прави лимузини: пристигнува подбрендот Road Rover

0

Како што е пренесува британскиот портал Autocar, првиот седан модел кој ќе се пласира на пазарот под новиот бренд Road Rover, е развиен паралелно со моделот Jaguar XJ од новата генерација, а премиерно пред публика ќе биде прикажан на салонот за автомобили во Лос Анџелес во 2019 година.

Првиот сериски модел на Road Rover ќе биде ривал, ни малку ни повеќе, директно на Mercedes-Benz S-класа нудејќи конкурентно ниво на луксуз и квалитетно изработена внатрешност. Она што Road Rover треба да им му го понуди на клиентите, а кое S класата го нема, се разбира, е до одредена граница off-road способности. Компанијата, исто така, ветува одлична динамика на возење, особено користејќи ги потенцијалите на електричните мотори.

Она што се знае е тоа дека архитектурата на Road Rover моделите ќе биде идентична со Jaguar XJ од новата генерација, односно ќе се потпира на алуминиумска платформа која обезбедува можност за инсталација на конвенционалните мотори но и електрични мотори, вклучувајќи ја и батеријата, се разбира. Замислата е новиот XJ и Road Rover да бидат чисто електрични модели со опционален погон на сите тркала. Покрај тоа, се очекува и двата модели да имаат воздушно потпирање со променлив клиренс, автономија од околу 500 километри во идеални услови и забрзување до стотка на ниво од околу 5 секунди.

Плановите на компанијата JLR вклучуваат цела гама на возила Road Rover со изглед на лимузина и доза на мачo изглед. Засега не е познато дали Road Rover ќе има своја специфична дизајнерска насока, иако се верува дека тоа ќе наликува на новиот Velar.

Road Rover, многумина не знаат, исто како и Velar, e име што се користело за експериментални модели на компанијата, во нејзината историја. Првпат се користело во почетокот на педесеттите години од минатиот век, како алка помеѓу теренските и возилата наменети за експлоатација на пат. Концептот е оживеан во шеесеттите години во форма на три-вратен караван, кој служел како интелектуална основа за концептот на оригиналниот Range Rover.

Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »
%d bloggers like this: