Lamborghini за третиот милениум / ФОТО

0

Италијанскиот производител на суперспортски автомобили претстави футуристички концепт под името Terzo Millennio развиен во соработка со американскиот институт за технологија во Масачусетс (МIТ).

Како што и укажува името, концептот Lamborghini Terzo Millennio е визија за суперавтомобил за третиот милениум.

За да го оправда своето име, автомобилот има исклучително аеродинамична форма, ултра лесна конструкција и електричен погон.

Моќноста доаѓа од четири електрични мотори кои со енергија се напојуваат од супер-кондензатор кој е вграден во каросеријата на возилото.

Наместо конвенционалните батерии, електрична енергија се складира во посебни панели, кои ја формираат надворешноста на автомобилот и кои се направени од јаглеродни влакна со полимер смола.
Станува збор за нов тип на наноматеријал и супер кондензатор, на кои автомобилските компании работат со научниците последниве неколку години.

Засилената структура од јаглеродни влакна практично крие нов тип на батерија. Овие панели можат да бидат обликувани за да формираат елементи на каросеријата на возилото.

Во исто време, новата технологија придонесува и за значително намалување на тежината на електрични возила, кои се премногу тешки првенствено поради масивните традиционални батерии.

Од Lamborghini не обелоденуваат спецификации, но велат дека погонскиот систем е дизајниран така што временскиот интервал за полнење на батериите ќе биде многу пократок отколку во случај со денешните модели на електрична енергија.

Покрај тоа, предвидени се и значителни заштеди во потрошувачката на електрична енергија, благодарение на подобрениот систем за регенерација на кинетичката енергија на возилото.

Со оглед дека комбинацијата на материјали сочинета од јаглеродни влакна и високо-технолошки батерии е подложна на физичко оштетување за време на експлоатација на автомобилот, Lamborghini и MIT заеднички работат на развивање на јаглеродни влакна кои на микро ниво сами ќе се „поправаат“ во случај на мали пукнатини.

И најмали оштетувања ќе се детектираат за самиот материјал по хемиски пат самиот се „излечи“, а со тоа ќе се спречи понатамошно ширење на пукнатините.

Технологиите презентирани со овој концепт сепак се уште припаѓаат на иднината и не треба да се очекуваат во блиска иднина на сериските модели на Lamborghini.

Сепак, шефот на развој на италијанскиот производител вели дека тие интензивно работат и дека некои од нив се се поблиску до практична употреба.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »