„Ладилникот“ официјално за Kia Sportage

0


Официјално, по 22-пат, во хотел Парк во Скопје, беше доделена наградата за Автомобил на годината во Македонија за 2017 година. Статуетката во форма на ладилник оваа година ја понесе Kia Sportage.


Ова е трет модел на брендот Kia кој е награден од Националното жири за избор на автомобил на годината во Македонија. По Ceed’d и Rio, сега гласовите на стручниот тим ги освои четвртата генерација на Sportage кој оваа година се натпреваруваше заедно со Citroen C3, Peugeot 3008, Renault Megane, SEAT Ateca, Suzuki Baleno Hybrid и Toyota C-HR.


Кулминација на вечерта беше моментот кога претседателот на жирито Владимир Ристовиќ му ја предаде блескавата статуетка во вид на маска на ладилник на директорот на Киа Моторс Македонија, Владимир Билбилов. Покрај главната награда, со специјално признание беше награден и Suzuki Baleno Hybrid, кој оваа година беше „Избор на финалистите“. Оваа награда ја прими претставникот на македонскиот импортер за Suzuki, Љубе Нешовски, кој искрено се заблагодари на гласовите дадени за Baleno.

Тимот на Додај Гас се надева дека македонската јавност ќе ги препознае овие награди и истите ќе им донесат успех на победниците за оваа година.

Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »