Крај на сезоната?! Валентино Роси доживеа фрактура на подколеницата

0

„Докторот“ или ако повеќе сакате живата легенда на MotoGP трките, Валентино Роси, заврши во болница со фрактура на десната нога по инцидент на мотокрос

Роси се здоби со фрактура на коските на потколеницата, ногата на која имаше и претходно скршеница по тренинг на патеката во Муџело во 2010 година. Тогаш, кога имаше дислокација и фрактура на „цеваницата“, беше отсутен од патеката точно 41 ден.

Валентино Роси моментално е во болницата Урбино, а операцијата е закажана за денес. Од достапните информации, Роси возел ендуро мотоцикл по нагорнина кога се случил инцидентот.
Според таткото на Роси, Грацијан, Валентино не е премногу оптимист и се чувствува многу лошо.

Триесет и осум годишниот деветкратен шампион во моментов е четврти во генералниот пласман од MotoGP шампионатот.

Неговиот тим ја издаде следнава изјава: „возачот на Movistar Yamaha MotoGP тимот, Валентино Роси, учествуваше во ендуро инцидент за време на обука во близина на градот во кој живее“.

Триесет и осум годишниот италијански возач бил однесен во Ospedale Civile Urbdiino на преглед, а ако дополнителни медицински интервенции треба да се вршат во текот на денешниот ден.

Како што е познато, Роси веќе имаше еден инцидент во мотокрос оваа година во мај, кога претрпе само мали повреди на градите.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »