Крај на производство на автомобили во Австралија

0

Австралискиот подбренд на GМ, Holden, ја затвори својата фабрика на југо од оваа земја за да се префрли на поефтина локација.

Една година откако тоа го направија и Ford и Toyota, Австралија дефинитивно остана без сопствено производство на автомобили.

„Ова тажен крај за Holden, сите бевме врзани за него“, вели Малколм Турнбул, премиер на Австралија.

Крајот на автомобилската индустрија во Австралија носи и големи проблеми за тамошното население, а Турнбул решението го гледа во форсирање на наменска индустрија. Имено, Австралија планира до 2022 година да вложи 30 милијарди австралиски долари во наменска индустрија. Во овој дел од земјата ќе започне производство на флота на бродови и подморници.

Крахот на Holden, во најголема мера е резултат на растот на продажбата на мали градски автомобили, како и SUV моделите. Австралијците се одлучиле за странски модели, а со тоа и на вртење грб на домашното производство.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »