Конечно сериска верзија: BMW i8 Roadster / ФОТО + ВИДЕО

0

BMW i8 Roadster беше најавен уште во 2012 година со концептот i8 Spyder, за дури сега, пет години подоцна да ја видиме и производствената верзија на овој автомобил.

Како и кај купе верзијата, за погонот е употребена комбинација на 3-цилиндерски 1.5-литарски турбо бензински мотор, електричен мотор и погонски батерии.

Бензинскиот мотор произведува 231 КС (170 kW) и 319 Nm, а електричниот 143 КС (105 kW) и 249 Nm, што значи вкупна моќност од 374 КС (275 kW).

Вкупната тежина на BMW i8 Roadster е 1.593 килограми или 60-тина килограми повеќе од стандардниот i8.

Погонските батерии имаат капацитет од 11,6 kWh, а кога се целосно наполнети, овозможуваат на автомобилот да помине 28 км само на електрична енергија.

BMW i8 Roadster од 0 до 96 km/h забрзува за 4,4 сekundi, а максималната брзина е електронски ограничена на 250 km/h.

Моќноста од комбинираниот бензинско-електричен погонски систем се пренесува на сите 4 тркала, а возачот на располагање има пет режими на возење: Comfort, Sport, Eco Pro, како и исклучиво електричните Comfort и Eco Pro.

Roadster моделот има склоплив покрив кој со притискање на копче се крева / спушта за само 15 секунди при брзини до 50 km/h.

На саемот во Лос Анџелес претставена е и подобрена верзија на стандардниот BMW i8 Coupe, со истите спецификации на погонскиот систем, но со подобрено забрзување (0-96 km/h за 4.2 секунди).

ФОТО ГАЛЕРИЈА

ВИДЕО


Во продажните салони, новиот BMW i8 Roadster и ажурираното Coupé, се очекуваат во пролетта од 2018 година.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »