Колку „лежечки полицајци“ се потребни за да се уништи автомобил / ВИДЕО

0

Експерти ни покажуваат колку штета предизвикува овој урбан ограничувач на брзината

Во пракса, ниту еден возач не ги сака „лежечките полицајци“ (вештачки испакнатини на патот чија цел е принудно намалување на брзината на движење на возилата). Факт е дека се навистина корисни во урбани услови, но за жал во исто време и ги оштетуваат автомобилите.

Колку овие оштетувања се сериозни, особено кога се поминуваат со голема брзина, ни покажуваат британски експерти. Се разбира, вистински автомобили не се користени, туку таканаречен симулатор BeamNG.drive, во кој се внесени сите параметри – од модел на автомобилот со неговите карактеристики до брзина на минување преку препреките.

Целиот тест е преточен во 10-минутно видео, а во него се вклучени голем број различни автомобили. Ниеден од нив не стигнува до крајот…

Погледнете го видеото!



Loading...
Споделете.

Оставете одговор

Translate »