Koenigsegg Agera RS е новиот најбрз сериски автомобил во светот! / ВИДЕО

0

На патека во Невада, Koenigsegg Ager RS го собори рекордот за максимална брзина со сериски автомобил. Шведскиот суперавтомобил стигна до неверојатни 447,2 km/h што е за околу 16 km/h побрзо од рекордот на Bugatti Veyron Supersport.

Патеката во Невада, САД, е истата на која е урнат рекордот на Chiron (400 km/h).

Погонскиот агрегат на Agerа RS е 5.0-литарски V8 битурбо мотор кој развива 1.360 КС со 1371 Nm вртежен момент. Ако ова го споредите со маса од 1.295 килограми (без флуиди), веднаш знаете за каков вид на автомобил станува збор.

Сепак, и рекордот на Koenigsegg наскоро би можел да биде срушен, бидејќи американскиот производител Hennesey најави дека нивниот Venom F5 модел е способен за неверојатни 484 km/h.




Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »