Општо е познато дека Tesla долго време се бори со големото доцнење во производството и испораката на Model 3, а самата компанија признава дека проблемот е во производството на батерии.

Tesla веќе е во минус од 2 милијарди долари за минатата година, главно поради тоа што Model 3 не го достигна проценетото производство од 20.000 единици месечно.

Проблемите на компанијата od Калифорнија треба да се решат наскоро, а клучот е на другата страна од Атлантикот.

Изданието Aumototive News известува дека Tesla дизајнирал и изградил автоматски модул за склопување на батерии што значително ќе го забрза вкупното производство. Единствениот проблем е тоа што овој клучен дел од опремата треба да се транспортира од Германија до Невада.

„Не станува збор за тоа дали ќе работи или не. Станува збор само за расклопување, транспорт, нова монтажа и пуштање во работа во фабриката“, вели првиот човек на Tesla, Илон Маск.

Маск, по неколку пробиени рокови, најави дека Tesla ќе го удвои своето производство до 2.500 единици неделно до крајот на месецот, а потоа и долго очекуваниот капацитет од 20.000 возила месечно.