Кина е лидер во глобалната продажба на електромобили

0

Продажбата на електрични автомобили на глобално ниво бележи рекордно ниво во текот на третиот квартал од оваа година, благодарение на силната побарувачка за еколошки автомобили во Кина.

За јули, август и септември продажбата на електрични и plug-in хибриди ја надминува бројката 287.000 броеви, што е за 63% повеќе во споредба со истиот период во минатата година, како и зголемување од 23% во однос на вториот квартал од оваа година, информира Bloomberg New Energy Finance.

Во Кина се реализирани повеќе од половина од тие продажби, со раст на локалниот пазар од 100%, откако властите се зафатија сериозно со наметнувањето на поеколошки автомобили поради рекордното загадување на воздухот во големите градови и цели покраини. Европа е пазар број 2 за електричните возила со учество од 24%, а на третата позиција е Северна Америка.

Растот на продажбата во Кина се должи како на желбата на домашните компании да произведуваат електрични возила, кои конкурираат на западните модели, така и на субвенциите кои клиентите ги добиваат од државата. Во некои случаи електричните автомобили во Кина може да излезат и до 40% поконкурентни во однос на автомобилите со дизел и бензински мотори, што секако ја објаснува силната продажба.

Агенцијата Bloomberg очекува дека за првпат оваа година глобалната продажба на електрични возила ќе надмине 1 милион единици. Овој процес е забрзан со подобрување на инфраструктурата за полнење на електричните возила и снабдување со се повеќе и повеќе модели со поголема километража.

Многу автомобилски компании, меѓу кои Volkswagen Group, Daimler, Jaguar Land Rover и Volvo веќе најавија амбициозни планови да станат производители на електрични автомобили, за да одговорат на зголемената побарувачка.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »