Kia размислува за електрична верзија на моделот Stonic

0

Kia веќе го има Soul EV, Niro EV на пазарот доаѓа следната година, а до 2019 година е додадена и plug-in-хибридна верзија на моделот Stonic

Официјална потврда сеуште нема, но Autocar јавува дека во компанијата веќе размислуваат и за развој на чисто електрична верзија на компактниот кросовер. Шансите да се дојде до такво нешто се многу големи.

Ако тоа навистина се случи, електричната верзија би била достапна веќе во текот на 2020 година. Што се однесува до хибридната верзија, на неа ќе и се приклучи уште една изведба со сличен погон.

Имено, од Kia е потврдено дека на пазарот може да стигне и Stonic опремен со т.н. лесен хибрид. Станува збор за систем споен со старт-стоп систем, клима уред, аудио состав и и слично.

Stonic на пазарот ќе се појави веќе следниот месец.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »