Најновиот модел во палетата на Škoda во сегментот на семејни автомобили со средна големина е означен како Superb Estate и е наменет за луѓе кои не ги привлекува SUV-манијата

Škoda Superb се базира на Volkswagen Passat, а неговите најголеми конкуренти се возила како Ford Mondeo. Пазарно е позициониран над моделот Škoda Octavia.

Имено, Superb секогаш се сметал за автомобил од D-сегментот кој е многу практичен, без разлика дали станува збор за седан или караван варијанта, иако караван верзијата нуди импресивен багажен простор. Волуменот на багажниот просто во Superb Estate е 660 литри, а со спуштање на задните седишта волуменот се зголемува до огромни 1.950 литри.

Во комбинација со погон на сите тркала, кој е достапен само за поскапите верзии, Superb Estate е одлична алтернатива за оние кои сакаат удобен автомобил со голем багажен простор, а тоа да не е SUV модел.

Покрај ова, Superb Estate располага со високо квалитетен ентериер со разновидна опрема, асистент системи за помош на возачот како и безбедносни системи, како и голем простор за патниците на задното седиште, поради што овој автомобил е многу удобен за возење на подолги дестинации.