Jeep Grand Cherokee е најмоќниот SUV во светот

0

Верзијата од Hennessey Performance се потпира на повеќе од 1000 КС

На инженерите на американското тјунинг атаље Hennessey Performance не им е прв пат одредени автомобили да ги напумпаат со многу „стероиди“, но никогаш досега немале „набилдано“ теренец со повеќе од 1000 КС. Конечно и ваква машина веќе е факт и во моментот нема конкуренција на глобално ниво.

Пред неколку години експертите од Hennessey Performance се испробаа со и онака веќе моќниот Jeep Grand Cherokee SRT8, но притоа се ограничија на 805 КС. Нивното второ искуство е уште поимпресивно и лимитот од 1000 КС е успешно надминат.

Всушност, Jeep Grand Cherokee Trackhawk и нема потреба од многу зголемена моќност, бидејќи е производ на фабричкото спортско одделение на американската компанија. Hennessey Performance, сепак, е навикнат последниот збор да биде целосно нивни и понуди свој пакет наречен HPE1000.

Ова значи дека веќе „набилданиот“ 6.2-литарски V8 добил дополнителни подобрувања. Тие вклучуваат нов компресор, спортски филтри за воздух, нови дизни, променет систем за довод на гориво, нов издувен систем, како и репрограмирање на блокот за управување со моторот.

Сето ова како резултат има зголемување на моќноста од 717 КС на 1.072 КС. Максималниот вртежен момент е зголемен од 875 до 1.313 Nm. На динамичките карактеристики можат да им позавидат бројни суперавтомобили – Hennessey Jeep Grand Cherokee Trackhawk HPE1000 од 0 до 100 km/h забрзува за 2,8 секунди, а растојанието од четврт милја го поминува за 10,5 секунди.

Максималната брзина не е позната, исто како и цената. Сепак, таа нема да биде мала, како и верзијата Hennessey Jeep Grand Cherokee SRT8 со 805 КС која чини 235.000 долари.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »