Jeep го откри најмоќниот и најбрз Grand Cherokee

0

Во пресрет на автосалонот во Њујорк, компанијата Jeep целосно го откри новиот Grand Cherokee Trackhawk. Ова е најбрзиот и најмоќниот автомобил во историјата на моделот со агрегат од Challenger SRT Hellcat.

Поради високата моќност очекувано би било кросоверот да биде со заден пренос, но инженерите на Jeep успеале да се справат со тоа и возилото е опремено со систем за погон на сите четири тркала.

На изглед, моделот се разликува по решетката на ладилникот, како и по хаубата, која добила специјални отвори за подобро ладење. На предниот браник се појавиле два дополнителни отвори за воздух, а спортскиот карактер на автомобилот се нагласува и со двојните цевки на издувниот систем.

Под хаубата на Grand Cherokee Trackhawk е поставен 6.2-литарски бензински V8 мотор кој развива 717 КС и обезбедува максимален вртежен момент од 875 Nm. Агрегатот работи во комбинација со 8-степен автомат, унапредена верзија за да се справи со моќноста на моторот.

Забрзувањето од 0 до 97 km/h (60 милји) трае 3,5 сeкунди, што е прилично импресивнo. Растојанието од четврт-милја (402 метри) го преминува за 11,6 секунди, а максималната брзина на кросоверот е 290 km/h.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »