Со својата висина од 190 cm, роботот е малку понизок од професионален кошаркар, но очигледно не му пречи за точни фрлања и погодување на кошот

Напредокот во роботиката е видлив од ден на ден. Мина времето кога роботите изгледаа како да се направени од кутија, а се движеа како успорени. Денес, компаниите ширум светот претставуваат нови и се понапредни роботи кои според своите способности се повеќе и повеќе се слични на луѓето.

Така, во Јапонија, Toyota претстави робот-кошаркар по име Cue, а кој од линијата за слободни фрлања може да го погоди кошот со прецизонст од речиси 100 проценти.

За да се „научи“ да ја фрла топката во кошот, роботот користи вештачка интелигенција, а за да ја усоврши техниката неопходно биле повеќе од 200.000 фрлања. Колку Cue всушност е прецизен најдобро е да се каже дека тој ги победил професионалните кошаркари од тимот Алварк Токио.

Имено, додека професионалците Сеија Андо и Зак Барански заедно запишале осум од десетте погодоци, Cue ги погодиl сите десет.

Со својата висина од 190 cm, роботот е малку понизок од професионален кошаркар, но очигледно не му пречи за точни фрлања и погодување на кошот. Имено, кога ќе ја прими топката, Cue имитира потези на професионалните кошаркари, што му овозможува да фрли прецизно на растојание до 3,6 метри.

Но, иако е попрецизен од професионален кошаркар, Cue сепак не е толку мобилен. Конкретно, роботот е прикачен на мала платформа која го спречува движењето на земја.

Интересно е тоа што 17-те инженери на Toyota на Cue работеле во слободно време и бесплатно. Уште поинтересно е што никој од нив немал искуство во градење на роботи, а програмирањето на вештачката интелигенција го научиле од упатства кои ги нашле на Интернет.

Погледнете го видеото!