Jaguar F-Pace пркоси на гравитацијата (Видео)

0

Jaguar оваа недела на салонот во Франкфурт и официјално зачекори во сегментот на кросовери со својот нов F-Pace, но британскиот бренд брзо ги потсети купувачите дека нивниот модел не го следи конвенциoналното.

Jaguar-F-Pace-56

Презентациите на новите модели денес се прилично еднолични па во Jaguar се одлучиле да примамат што повеќе погледи на отворањето на Саемот за автомобили во Франкфурт.

Специјално опремен F-Pace со голема брзина влегува на 19 метри висока кружна платформа, а успешно завршената акробација е наградена со нов Гинисов светски рекорд.

Зад воланот на новиот кросовер е британскиот возач Тери Грант, а во текот на акробацијата автомобилot претрпел сила од 6,5 G со што ја истакнal својата агилност, стабилност и спортски карактер, се вели во соопштението од Jaguar.

Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »