Компанијата Lamborghini зад себе има 55 години од своето постоење

Од скромните почетоци и првиот модел направен во само 120 примероци, до SUV моделот Urus, чие годишно производство треба да изнесува околу 3.000 возила.

Во својата историја, италијанскиот производител на суперспортски автомобили нема голем број модели. Сепак, повеќето од нив се легенди на четири тркала. Во видеото, подготвено од изданието Cars Evolution, прикажаи се 21 модел на Lamborghini, почнувајќи од првиот, 350 GT, до најновиот SUV модел Urus.

Меѓу нив се и легендарни автомобили, како што се Miura, Countach, Diablo или Murcielago, но, исто така, и помалку познати, како што се Jalpa, Urraco и Espada.

Видеото е преполно со интересни факти за прикажаните модели, вклучувајќи го и фактот дека рестилизираниот Lamborghini Diablo ги користел истите фарови како и моделот Nissan 300ZX модел.