Hyundai сепак ќе пушти пикап

0

Компанијата Hyundai објави дека е донесена одлука за пуштање во сериско производство на концептниот пикап Santa Cruz, кој беше прикажан пред публика пред една година.

Hyundai-Santa_Cruz_Crossover_Truck_Concept_2015_1024x768_wallpaper_01
Пред новинарите на автосалонот во Детроит, шефот на американската канцеларија на брендот Давид Жуковски изјави дека сега е најпогодниот момент за такво нешто. Според него производството на првиот сериски пикап на Hyundai ќе стартува наскоро.

Во основата на Santa Cruz е шасијата на новото поколение на Hyundai Tucson. За палетата мотори на овој автомобил нема најавено ништо, но прототипот беше опремен со 2.0 литарски дизел со моќност 190 КС (406 Nm) и систем за погон на четири тркала HTRAC.

Hyundai-Santa_Cruz_Crossover_Truck_Concept_2015_1024x768_wallpaper_03
„Главната публика, на која ќе го насочиме овој пикап е поколението родено во 80-тите години на минатиот век. Тоа се млади луѓе кои возат седани и кросовери, но им треба повеќе практичен автомобил“, изјави маркетинг директорот на Hyundai Марк Дипко.

Топ-менаџерот додаде дека ова во никој случај не значи дека Santa Cruz ќе биде наменет само за пазарот во САД, напротив – моделот ќе се нуди на голем дел од светските пазари.

Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »