Моделот Nexo со погон на водород е дел од стратегијата за развој на еколошки прифатливи возила, во рамките на која Hyundai ќе лансира 18 нови модели до 2025 година

Hyundai Nexo е првиот модел од новата генерација на автомобили на водород на корејскиот производител на автомобили. Моделот е опремен со електричен мотор кој развива 163 КС (120 kW) и 394 Nm, а потребната електрична енергија се добива од системот на водородни горивни ќелии.

Според фабричките податоци, од 0 до 60 милји на час (0-96 km/h), Nexo забрзува за 9,5 секунди. Максималната автономија на возење со полн резервоар е околу 595 километри.

Hyundai соопшти дека ова е првиот модел на компанијата со кој на купувачите ќе им биде понуден полуавтономен систем за возење со кој автоматски се корегира правецот на движење, следејќи ги линиите на сообраќајната лента во која се движи возилото. При тоа, системот го задржува возилото во средината на лентата.

Автомобилот ќе биде опремен и со уред за далечинско паркирање (Remote Smart Parking Assist) кое овозможува сопственикот автоматски со притисок на копче да го паркира автомобилот.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”160ZH10-2PgUwolV12xqDm-oX1SDTIAcb” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Hyundai Nexo во продажба на одбрани пазари ќе се појави во текот на 2018 година, а цената сеуште не е позната.