Корејскиот производител на тековниот авто салон во Женева претстави мал електричен SUV и го предизвика првиот човек на Tesla, Илон Маск

Hyundai на Женевскиот саем презентираше три нови модели со разновидни погонски системи и покажа дека размислува за повеќе опции кога станува збор за можно гориво за иднината.

Чистиот електричен погон е претставен со моделот Hyundai Kona EV, кој ќе се продава во две верзии – со помала и поголема батерија. Приота, премиерата во Женева, Hyundai ја искористи за интересен маркетинг потег.

Имено, корејскиот производител поставил огромен билборд на кој покрај фотографијата од моделот Kona EV испраќа порака до првиот човек на Tesla, Илон Маск, во која се вели дека сега е тој е на ред да го повлече следниот потег кога станува збор за нов, уште посовршен модел на електричен автомобил.

Во својата основна верзија, со капацитет од 39.2 kWh, Kona Electric се напојува од електричен мотор со моќност од 135 КС и автономија на возење до 300 километри.

Тука е и Kona со 204 КС кој има батерија од 64 kWh, со која овој автомобил може да помине до 470 километри пред да снема струја.

Hyundai тврди дека батериите во двата модели може да се наполнат до 80% од нивниот капацитет за 54 минути, ако се користи брз полнач од 100 kW.

Основната верзија на Kona Electric од 0 до 100 km/h забрзува до 9,3 секунди, а помоќната варијанта за 7,6 секунди. Максималната брзина на двете верзии е 167 km/h.