Huawei го трансформирал моделот Porsche Panamera во возило кое препознава повеќе од илјада различни објекти, вклучувајќи животни, топки и различни транспортни средства

Huawei направил напреден систем за автономни автомобили базиран на вештачка интелигенција која ја препознава и ја разбира околината, а првиот автомобил опремен со оваа технологија ќе биде Porsche Panamera.

Проектот наречен RoadReader ги поместува границите на технологијата за препознавање објекти и е комбинација на можност за учење, брзина и перформанси на своите уреди кои користат вештачка интелигенција. Системот на Huawei за автономни автомобили се базира исклучиво на сопствени технологии, кои веќе се применуваат во паметните телефони на компанијата.

За разлика од другите автономни автомобили кои детектираат само пречки, Huawei го трансформирал моделот Porsche Panamera во возило кое препознава повеќе од илјада различни предмети вклучувајќи ги и животните, топки и различни превозни средства и применува соодветна акција за нивно избегнување.

Проектот RoadReader ги користи предностите на вештачката интелигенција применета во паметниот телефон Huawei Мате Pro 10, кој автоматски идентификува објекти како што се кучиња, мачки и храна, за да им помогне на корисниците да направат професионални фотографии. Повеќето нови самовозечки автомобили се потпираат на компјутерската моќност на наменски чипови произведени од трети страни, додека во Huawei комплетниот развој е базиран на сопствена технологија и решенија.

„Нашите паметни телефони веќе ја користат можноста да препознаваат објекти. Сакавме да видиме дали на краток рок би можеле да го постигнеме истиот принцип и кај возилата, не само за нивно движење, туку и да ги користат можностите на вештачката интелигенција за да избегнат пречки. Ако нашата технологија е толку интелигентна за да се постигне ова за само пет недели, замислете што се друго може“, вели Ендрју Гарихи, маркетинг директор за Huawei за западно европскиот пазар.

Huawei овој проект ќе го претстави на саемот MWC во Барселона, каде што секој ќе има можност лично да го тестира возилото на Huawei.